AP
12 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Претставници на речиси 200 земји ја усвоија првата Глобална спогодба за борбата против климатските промени, со која се повикуваат сите земји од светот да направат заеднички чекор кон намалување, а потоа и елиминирање на гасови кои го произведуваат ефектот на стаклената градина, јавува Anadolu Agency.
Со Спогодбата, меѓутоа, не се предвидени санкции за земјите кои тоа нема да го направат.
"Паришката спогодба" има за цел да спречи понатамошен раст на глобалната температура за уште еден Целзјусов степен од денес па до 2100 година, што е клучното барање на сиромашните земји погодени од последиците на растот на нивото на морето и другите ефекти на промена на климата.
Со громогласен аплауз учесниците на Самитот за климатските промени (COP21) го поздравија домаќинот, министерот за надворешни работи на Франција Лорент Фабиус, кој објави дека спогодбата е посгигната.
Според министерот за околина на Јужноафриканската Република Едне Молев, спогодбата "може да биде пресвртна точка за свртување кон подобар и посигурен свет" .
Американскиот претседател Барак Обама, на својот профил на Твитер по повод постигнување на спогодбата во Париз напиша: "Ова е големо. Речиси сите земји од светот ја потпишаа Париската спогодба за климатските промени- благодарејќи на американското лидерство."
Во спогодбата, земјите ветија дка ќе го ограничат ефектот на стаклената гранина ако последица на човечката активност до нивото до кое шумите, тлото и океаните можат да апсорбираат природно, почнувајќи од некоја точка помеѓу 2050 и 2100 година.
Практично, за да се постигне таа цел светот мора да го стопира емитувањето на плиновите кои го произведуваат ефектот на стаклената градина во следните 50 години, сметаат научниците. Затоа што, колку помалку загадуваме, толку помалку загадување апсорбира природата. Постигнување на оваа цел вклучува и трансформација на начинот на кој луѓето добиваат енергија, поради што многу активисти се загрижени да и покрај верувањата, земјите не се подготвени да спроведат толку длабоки и скапи промени.
Спогодната треба да биде ратификувана најмалку во 55 земји кои претставуваат еминентни 55 отсто од глобалните емисии- а потоа, да стапи на сила 2020 година.
Се работи за првата спогодба која ги повикува сите земји да се борат против глобалното затоплување, а не само најбогатите.
Освен тоа, спогодбата ги обврзува земјите на чување на порастот на глобалната температура до 2100 година во споредба со прединдустрискиот период "под" два Целзиусови степени и се наведува дека ќе "настојува да ги ограничи" уште повеќе, на 1,5 Целзиусови степени.