?????
21 декември 2015•Ажурирај: 22 декември 2015
БРИСЕЛ (АА) -Белгиските власти уапсија пет лица, меѓу кои двајца браќа, по дводневната рација во склоп на истрагата за терористичките напади во Париз во средината на ноември, јавува Anadolu Agency (АА).
Канцеларија на белгискиот обвинител во денес соопшти дека две лица се уапсени по рацијата во една куќа во округот Лаекен во Брисел. Синоќа пребарувана е уште една куќа во Брисел, по налог на истражниот судија задолжен за тероризам.
Двајцата браќа беа пронајдени во куќата а потоа беа приведени на сослушување, како и нивниот пријател. Како што соопшти обвинителството, до нив е стигнато преку снимки од телефонски разговори.
Во текот на претресот не беше пронајдено оружје или експлозиви, а не се објавени ни имињата на лицата лишени од слобода. Истражниот судија ќе реши дали ќе бидат задржани во притвор. Терористичката организација ДАЕШ ја презеде одговорноста за нападите во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица.