Yusuf Hatip
13 јуни 2019•Ажурирај: 14 јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Брисел се организирани демонстрации на кои насобраните демонстранти симболично кружеа околу макетата на Ќаба, а во знак на протест поради ограничувањето за заминување на аџилак од страна на Саудиска Арабија за одредени верници, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите од различни земји во кои живеат муслимани, кружеа околу макетата на Плоштадот „Шуман“, на кој се наоѓаат институции на Европската Унија.
Организатор на протестите е невладината организација „Al Haramain Watch“.
Членот на организацијата, Мухамед Фарах, за АА изјави дека демонстрантите се државјани на арапските земји кои се опоненти на политиката на Саудиска Арабија.
„Нѐ спречуваат да извршуваме аџилак затоа што не сме истомисленици со саудиската власт. Аџилакот не припаѓа на престолонаследникот Мухамед бин Селман, туку на сите муслимани. Немаат право на некои муслимани да им оневозможуваат заминување на аџилак“, изјави Фарах.