Adam Abu Bashal
13 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
АБУЏА
Во федералната држава Нигер која се наоѓа во состав на западноафриканската земја Нигерија извршен е оружен напад во кој животот го загубија 47 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Малам Салиху Гарба, директорот на Агенцијата за вонредни состојби на Нигерија, во изјавата за новинарите истакна дека во селата Кваки, Аџатаји, Гваса, Барден Даваки, Гјамамија и Алева, неидентификувани лица извршиле оружен напад, информирајќи дека досега се пронајдени телата на 47 лица, и дека има и голем број ранети.
Гарба, информирајќи дека околу 2.000 лица од регионот ги напуштиле своите домови, соопшти „Од нив само 500 привремено се сместија во кампот Ерена. Овие луѓе имаа потреба од хуманитарна помош.“
Гарба рече дека повредените се наоѓаат на болничко лекување, додавајќи дека е започната истрага во врска со нападот.