Büşra Selvi Öğütcen
16 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ЛАГОС (АА) - Во антитерористичка акција спроведена во селото Kирава Емна на границата со Нигерија и Камерун ослободени се 112 лица кои беа затворени од милитантите на Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Селото се наоѓа во пограничната област во североисточниот дел на Нигерија, а како што вели портпаролот на армијата Сани Осман, акцијата е спроведена во соработка на Нигерија и Камерун. Меѓу спасените луѓе се наоѓаат и 68 деца и 36 жени.
"Како резултат на соработката со нашите соседи, добивме дополнителна енергија", вели Осман. Во текот на акцијата беше тешко ранет и еден камерунски службеник кој за жал не беше спасен. Повредени се и осум војници.
Минатата недела во акцијата спроведена во областа Борна, спасени беа 324 заложници а загина 31 милитант.