?????
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Бегалците муслимани кои дојдоа во Велика Британија мора да учат англиски јазик за подобро интегрирање во британското општество, рече денес британскиот премиер Дејвид Камерон, јавува Anadolu Agency (АА).
Тој, исто така, ја истакна можноста за депортација на бегалци кои нема да бидат во состојба да ја надминат јазичната бариера.
Тврдејќи дека општествената кохезија е најдобриот "против-отров" на екстремизмот, Камерон изјави дека Велика Британија обезбедила стипендии за финансирање за жените-бегалци во учењето англиски јазик.
Станува збор за 28,5 милиони американски долари наменети за илјадници жени кои се сега, како што рече Камерон, во општествена изолираност а се соочуваат со дискриминација.
Според него, родителите кои не зборуваат англиски јазик се со помала веројатност да ја спречат радикализацијата на нивните деца.
Муслиманската британска Фондација "Рамазан" го критикуваше британскиот премиер, истакнувајќи дека се "издвојуваат" муслиманите од останатите.
"Најдобар начин за спротивставување на тероризмот е да се поддржат муслиманите и нивната работа во земјата", рече директорот на Фондацијата, Мохамед Шафик.