????? ??????????
25 Ноември 2015•Ажурирај: 25 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА АА – Поројниот дожд кој го зафати меѓуграничниот појас кај Гевгелија, не ги спречи мигрантите да продолжат да протестираат, јавува Anadolu Agency (AA).
И ноќеска голем број на мигранти останаа да стојат и лежат на железничката пруга кај Каменот 59, а поголем дел се повлекоа во своите шатори поради силниот дожд.
Тие и покарј лошите временски услови велат дека остануваат, надевајќи се дека ќе бидат пуштени од страна на македонските власти како би го продолжиле патот кон Евроските земји.
“Веќе седми ден сме тука. Гледате какво е времето и ова е многу тешка ситуација за нас. Не знаеме уште колку ќе можеме да трпеме, и ние сме луѓе. Секој ден времето ќе биде се полошо Сега е ладно и врне дожд, а во наредните денови ќе паѓа и снег но ние ќе останеме тука. Нема да се вратиме, попрво би умреле тука но не се враќаме во нашата држава”, вели Абдулаким од Пакистан.
“Деца, жените и цели семејствата се тука на дожд. Луѓето спијат на пругата, и дење и ноќе е страшно за нас. Бараме од вас да ни помогнете. Не можеме да се вратиме во нашата земја. Ги сошивме устите, не јадеме ништо. Ние не сме терористи, нашата држава е торорист. Колку и да е лошо и тешко времето ние ќе останеме тука”, Вели Саид од Иран.
Економските мигранти веќе седми ден се наоѓаат заглавени на грчко-македонската граница. Поради затворените граници тие штрајкуваат со глад, а некој од нив во знак на револт си ги сошија устите.