Seyit Aydoğan
18 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ПЕТЕРСБОРО (АА) - Во канадскиот град Петерсборо, со пригодна свеченост е отворен е обновениот мезџид кој е запален во ноември, минатата година, ден по терористичкиот напад во Париз, а на отворањето присуствуваше и канадскиот премиер Џастин Трудо, јавува Anadolu Agency (AA).
"Ова е важен ден за Петерборо и Канада. Која им беше целта на напаѓачите кои го запалија овој верски објект? Тие сакаа да не скараат и да ни наметнат омраза, а се случи токму спротивното. Гледате, овде денес се покажа љубовта, единството и сите убави нешта како Канаѓани. Секогаш ќе бидеме со вас и покрај вас", порача канадскиот премиер Трудо.
На свеченоста присуствуваше и канадската министерка задолжена за демократија во институцијата "Maryam Monsef", бројни пратеници на канадскиот парламент, претставници на дипломатскиот кор и бројни верски и невладини заедници и здруженија.
Претседателот на Здружението на муслимани од Петерборо, Кензу Абдала, во таа пригода на премиерот му подари Куран и му заблагодари за поддршката во текот на обновата на единствениот исламски верски објект во тој град, во кој живеат над 80.000 луѓе.
Абдала за АА кажа дека дипломатски официјални лица на Турција, Пакистан и Франција го посетија мезџидот само на ден по пожарот и дека после тоа сите се вклучиле во неговата обнова.
"Каде и да има муслимани во неволја таму меѓу првите трча Турција. Таа е најдобар пример за братство", рече Абдала.
Мезџидот "Selam" изграден е во 1994 година, а во потполност е уништен во пожарот кој го подметнаа непознати напаѓачи на 14-ти ноември минатата година.
За негова обнова во рекордно време собрани се потребните 110.000 долари и тој верски објект од денес повторно ги отвори вратите за верниците.
Во обновата на објектот се вклучиле бројни верски заедници, а претседателот на Здружението на Евреите во Петерборо, Лари Гилман, рече дека муслиманите и евреите во тој град секогаш живееле во слога и мир, и дека сите евреи биле тажни по нападот врз мезџидот.
"Додека траеше обновата на мезџидот, муслиманите, својата петочна молитва ја изведуваа во нашата синагога. Собравме и малку пари и на тој начин помогнавме во обновата", рече Гилман.