Büşra Selvi Öğütcen
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
МАИДУГУРИ (АА) - Во бомбашки напад во провинцијата Борно, во североисточниот дел на Нигерија, загинаа најмалку 30, а повредено е 91 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил во близина на џамија во градот Маидугури. Се претпоставува дека за овој напад, кој се случи во провинцијата Борно, е одговорна терористичката организација на Боко Харам.
Гласноговорникот на нигериската војска Мустафа Анка, рече дека вчера се приведени десет лица кои се обидоа да влезат во градот со цел да изведат самоубиствени напади.
Минатата недела, претседателот на Нигерија Мухамед Бухари, изјави дека на милитантите на Боко Харам им се заканува пораз и дека веќе нема да можат со ист интензитет да ги напаѓаат припадниците на безбедосните сили, како и местата на кои се наоѓаат многу луѓе.
Бухари претходно нареди камповите на Боко Харам да се уништат до крајот на годината, но тој рок најверојатно ќе биде продолжен.
Боко Харам полни шест месеци ја водеше кампањата на ДАЕШ во североисточниот дел на Нигерија.
Меѓутоа, соседните земји и се придружија на Нигерија во борбата против терористите оваа година, па судирите се проширија преку нигериската граница.