Gülbahar Sayım
18 Март 2016•Ажурирај: 18 Март 2016
НИАМЕЈ (АА) - Во одвоени напади на подрачјето на Нигер загинаа четворица припадници на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите се изведни од страна на вооружени лица. Министерот за внатрешни работи Хасими Масауду рече дека четворица припадници на безбедносните сили загинале при напад на пазар на подрачјето на Долбел, во близина на границата со Буркина Фасо.
Во другиот напад кој го изведоа четворица самоубијци, поврзани со групата на Боко Харам во југоисточниот дел на земјата, во близина на границата со Нигерија, загина еден војник додека двајца се ранети.
Во Нигер во текот на викендот ќе биде одржан и вториот круг претседателски избори.