Betül Yürük
18 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
ЖЕНЕВА (AA) - Басма Кодмани, член и портпарол на Високиот комитет за преговори (HCN), на главната сириска опозициска група, во четврток изјави дека специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура, даде гаранција од шест месеци за политичка транзиција во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со Де Мистура, Кодмани на новинарите им рече дека на специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, му претставија одредени предлози во врска со политичката транзиција и формирање на привремено управно тело.
Нагласи дека опозициската група се согласува дека преговорите мора да се одвиваат многу побрзо.
"Разговаравме за временски период и Де Мистура ни даде гаранција од шест месеци за политичка транзиција. Се надеваме дека овој период би можел да биде пократок", рече Кодмани.
Додаде дека прашањата на достава на хуманитарната помош во Дараја и ослободување на затворениците е многу важна за мирот во Сирија.
Де Мистура во четвток во Женева се сретна со членовите на Високиот комитет за преговори, главната сириска опозициска група, во рамките на мировните преговори.
Де Мистура по состанокот со новинарите рече дека разговорот со делегацијата на сириската опозиција се одвиваше многу позитивно. Истакна дека постојат одредени прашања околу кои сирискиот режим и опозицијата постигнале одреден договор.
"Режимот и опозицијата во принцип се сложни околу единството и територијалниот интегритет на Сирија и ниту една од страните не сака федерализација на земјата. Она што ни е потребно е компромис во врска со политичката транзиција", рече Де Мистура.