СТРАЗБУР (АА)- Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ќе ги бојкотира преговорите во Женева каде ќе се разговара за сириската криза, ако на тие преговори биде поканета и терористичакта организација ПЈД, огранок на курдската ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу за НТВ изјави дека Турција ќе ги бојкотира преговорите во случај ПЈД да биде поканета на разговорите.
"Секако дека ќе ги бојкорираме преговорите. Тоа е сигурно. Може да одат некаде и да преговараат, тоа е нешто друго. Но не можам да завземам место во делегација во текот на мировните преговори. Во овие преговори не можат да учествуваат терористичките организации. Ставот на Турција во врска со ова прашање е многу јасен", рече Чавушоглу, истакнувајќи дека и сириската опозиција има ист став во врска со ова прашање.
"Тоа би го загрозило имиџот на опозицијата. Да се биде близок со терористичките организации на нив не им донесува никаква корист, туку им наштетува" , рече турскиот министер. Инаку, пратени се покани за преговори помеѓу претставниците на сириската опозиција и на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кои ќе почнат на 29 јануари.
Информацијата ја потврди портпаролката на специјалниот претставник на Обединетите нации (UN) Стефан де Мистура, Џеси Чахин. Рече дека преговорите ќе почнат во петок, но не зборуваше за тоа кој ќе биде присутен.
Претходните преговори се одржани во мај 2015 година. За време на војната која започна во март 2011 година животот го загубија повеќе од 250 илјади Сиријци, а повеќе од четири милиони беа приморани да ги напуштат своите домови и да избегаат во соседните држави.
Прв чекор кон завршување на војната беше на 30 јуни 2012 година, но за жал, женевскиот документ кој беше резултат на тогашните преговори никогаш не е реализиран. По тие преговори доаѓа до нови две рунди на мировни преговори кои пропаднаа поради несогласување околу политичката судбина на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
news_share_descriptionsubscription_contact
