Seda Sevencan
27 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските сили неутрализираа 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според турското Министерство за национална одбрана, терористите биле забележани и неутрализирани во зоните на операцијата „Маслинова гранка“ и операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.