Ekipa
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
АСТАНА (АА) - Во Астана, главниот град на Казахстан, продолжува состанокот за Сирија на кој Турција, Русија и Иран се договорија да формираат заеднички троен механизам за следење и контрола на прекинот на огнот во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од учесниците на состанокот во Астана, Турција, Русија и Иран постигнат е консензус со цел да се спречат судирите и прекршувањата на огнот во Сирија.
Консензусот опфаќа трите земји да формираат заеднички троен механизам со кој ќе се следи прекинот на огнот на теренот и предвидува да врши негова контрола. Од тројниот механизам се очекува страните да го користат своето влијание за брзо да бидат спречени нападите, веднаш откако ќе бидат добиени информации од следењето на ситуацијата и откако ќе биде лоциран судирот.
Денеска се очекува една од точките на заедничката изјава на страните да биде донесениот консензус, кој е подготвен од трите страни. Сѐ уште не се знае неговата конечна форма.
Главна точка на програмата од средбите за Сирија во Астана е зацврстувањето на прекинот на огнот, кој беше донесен на 30 декември под гаранција на Турција и Русија, со цел да се стави крај на интензивните прекршувања на огнот.
Турција ја презеде одговорноста врз опозицијата, а пак Русија гарантира за силите на режимот. Но армијата на Асад и странските групи поддржани од Иран стотина пати го прекршија прекинот на огнот, додека опозицијата повеќепати одговори на нападите.
Вчера, во текот на состанокот во Астана, силите на режимот изведоа копнени и воздушни напади врз подрачјата што ги контролира опозицијата околу Дамаск, Дерам Хама, Алепо и Латакија.
За споменатите подрачја, дописникот на АА од Сирија информираше дека нападите од синоќа сѐ уште продолжуваат.