Hasan Hüseyin Köşger
19 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во врска со преговорите кои ги водат Турција и Израел рече дека таквите преговори треба да бидат продолжени, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу, кој се наоѓа во Њујорк по повод состанокот на Меѓународната група за поддршка на Сирија, им истакна на новинарите дека Турција и Израел водат преговори за нормализација на односите.
„Секако дека ќе има преговори, треба дa бидат продолжени. Еден од условите кои ние ги поставивме е веќе исполнет. За да се исполнат и другите два услова моментално се водат преговори на експертско ниво. Каква одлука ќе се донесе? Какви чекори ќе бидат преземени? Сè уште не е направен конкретен чекор. Моментално само траат преговорите“, рече Чавушоглу.
Истакна дека наскоро ќе се знае повеќе за исходот на преговорите со Израел.
„Во следниот период сите заедно ќе видиме како ќе заврши ова. Без преговори е невозможно да се говори за деталите. Потребно е преговорите да продолжат,“ рече турскиот шеф на дипломатијата.