Ayşe Sarıoğlu
21 Декември 2015•Ажурирај: 22 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, остро го осуди вчерашниот бомбашки напад врз сирискиот град Идлиб, во кој загинаа голем број цивили, јавува Anadolu Agency (АА).
Чавушоглу во писмен одговор на новинарско прашање од АА во врска со вчерашниот бомбашки напад врз Идлиб потсети дека со нападите на рускиот авиони се погодени зградата на судот, училиштето, како и станбени објекти. Тој додаде дека овие напади однесоа речиси 200 животи а има и голем број на повредени.
"Најостро ги осудуваме нападите кои беа извршени од авионите на вооружените сили на Русија, во центарот на Идлиб", изјави Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија истакна дека сите убиени вчера биле цивили, а неодамна во источна Гута близу Дамаск бомбардиран е пазарот во кој загинаа 65, а беа повредени 120 лица, претежно цивили.
"Тоа е срам, во името на хуманоста, срам за целиот свет. Русија од 30 септември 2015 година во Сирија најмногу ја бомбардира умерената опозиција, и во голема мера страдаат населени места со цивили", рече Чавушоглу.
Според него, Русија со акциите во Сирија започна под изговор дека води борба против терористичката организација ДАЕШ и од 30 септември изврши околу четири илјади воздушни напади. Речиси 91 проценти од нападите биле насочени кон опозицијата а нападите врз опозицијата само го зајакнаа ДАЕШ.
"Проблемот на Русија не е ДАЕШ. Нивната грижа е Сирија да се врати во рацете на Башар ал-Асад и на патот кон таа цел не гледаат кого убиваат-цивили, опозицијата. Во руските воздушни напади загинаа најмалку 600 цивили, а некои тврдат дека овој број надмина 800. Светот мора да знае дека од вкупниот број убиени, 150 се деца ", изјави Чавушоглу.
Во воздушните напади на рускиот авион врз судската зграда во Идлиб, Сирија, вчера, загинаа десетици луѓе.