Halit Süleyman
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа а 25 се повредени во напад со балистички ракети во врз градчето Салкин во подрачјето на Идлиб, кој е под контрола на умерената сириска опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица од болницата во Салкин за АА изјавија дека руските сили извеле напад со балистички проектили со долг дострел.
При нападот направена е голема материјална штета врз објектите, а експлозиите се слушнале и во турскиот пограничен град Хатај.
Руските воздушни сили изведуваат напади во Сирија од крајот на септември минатата година. Иако акциите се најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, непрекината мета на руските авиони се упориштата на умерената сириска опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо, како и населбите во кои живеат цивили, но и хуманитарни коридори, преку кои им се доставува помош на цивилите.