Sibel Kurtoğlu
11 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, синоќа по терористичкиот напад во Истанбул изјави дека сите терористички организации, без оглед дали станува збор за ПКК, ФЕТО или ДЕАШ, со иста цел ја напаѓаат Турција и нејзините граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во Истанбул повторно бевме сведоци на лицето на тероризмот којшто ги гази сите вредности и сите морални норми. Кога Турција прави позитивен чекор кон иднината, одговорот доаѓа веднаш преку крвопролевање, губење на животи, бруталност и хаос предизвикан од страна на терористичките организации, со иста цел ја напаѓаат нашата држава и народ“, рече Ердоган.
Денес во Турција е прогласен ден на жалоста, а претседателот Ердоган ја откажа својата официјална посета на Казахстан.