Halit Süleyman
26 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади на руските воени авиони на училиште во градот Идлиб во Сирија, загинаа 9 лица од кои 5 се деца, a 11 други се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Овластено лице од цивилната одбрана во градот Џарнаџаз, кој е под контрола на опозицијата, Махмут Дагим, за АА кажа дека руските воени авиони го бомбардирале училиштето Зикар при што загинаа 9 лица од кои 5 се даца, а 11 други се повредени додавајќи дека повредените биле транспортирани до мобилните болници во регионот.
Министерството за одбрана на Русија, на 30 октомври најави дека ги започнува воздушните операции врз позициите на ДАЕШ на територијата на Сирија. Но руските воени авиони се насочени повеќе кон седиштата и камповите за обука на умерената опозиција и населените места во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо.