Ayşe Sarıoğlu
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавусоглу, остро ги осуди неодамнешните руски напади во Сирија, при што загинаа околу 30 деца и еден учител, јавува Anadolu Agency (АА).
"Силно ги осудувам руските напади кои се вршат речиси секој ден на цивилни населби во Сирија во кои секогаш страдаат болни жени, стари лица и деца", изјави Чавушоглу потсетувајќи на вчерашните Руски напади на три училишта, при што загинаа неколку десетина ученици и наставник.
Тој рече дека припадници на силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад ги изгладнуваат цивилите кои живеат во областите кои ги контролираат.
"Само во Мадаја, која е под опсада, досега од глад умреле околу 40 цивили. Истата судбина ги чека жителите Забаданија и Мудамија", изјави Чавушоглу, додавајќи дека војниците и странските елементи ги напаѓаат и оние кои се обидуваат да ги напуштат овие области.
"Бомбашки напади врз цивилно население и изгладнување на жени, деца и бебиња до смрт е воено злосторство", рече тој.
Министерот за надворешни работи на Турција додаде во руските воени акции кои започнаа на 30-ти септември 2015 година, како мета продолжуваат да бидат цивилите.
"Одрекувањето на руските напади кои се случуваат пред очите на целиот свет, а не може да ја прикрие вистината", изјави Чавушоглу, кој верува дека крајно време е меѓународната заедница да реагира на вистински начин.