Barış Gündoğan
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за време на говорот на конференцијата на амбасадорите даде изјава во врска со денешната експлозија во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
“Со жалење го осудувам овој терористички напад, кој се смета за напад извршен од бомбаш самоубиец со сириско потекло кој се случи на плоштадот Султанахмет во Истамбул”, рече Ердоган.
Претседателот на Турција понатаму рече дека “поради овие терористички напади се кршат човековите права и слободи на милиони граѓани кои живеат во регионот. Оние што ги кршат овие права се припадниците на терористичките организации а не државата”.
Ердоган истакна дека Турција нема никаков проблем со нејзините курдски граѓани и дека нема прашање наречено “курдски проблем”.
“Како и во многу други региони во земјава и моите браќа Курди може да имаат проблем во местото каде што живеат, но овие проблем ќе ги решиме заеднички. Проблемот што Турција го има е тероризмот, кој е присутен во многу држави во светот. Така да, тоа не е проблематика поврзана со Курдите, да не се залажуваме, ова треба добро да се објасни. За жал некои таканаречени интелектуалци зборуваат дека државата изведува масакри. Вие, квази-интелектуалци, вие сте во темнина. Не сте во светлина. Вие сте толку мрачни и без знаење, што не ја знаете адресата на југосточниот и источниот дел. Но ние, овие региони, овие адреси, ги познаваме многу добро, како патот до нашиот дом”, рече Ердоган.