??
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Заменикот премиер на Република Турција Нуман Куртулмуш, потврди дека денешниот терористички напад во Истанбул го извел државјанин на Сирија, роден 1988 година, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот за безбедност во Анкара, Куртулмуш им се обрати на новинарите заедно со министерот за внатрешни работи Ефкан Ала и министерот на здравство Мехмет Муезиноглу.
"Потврдено е дека распарченото тело експлозијата му припаѓа на бомбашот самоубиец. Врз основа на резултатите од досегашната детална истрага, установено е дека станува збор за сириски државјанин роден 1988 година", рече Куртулмуш.
Тој упати и порака со сочувство до семејствата на 10-те загинати лица во денешниот напад, меѓу кои, како што рече, најголем дел се странски државјани.
Нападот на истанбулскиот плоштад "Султанахмет" изведен е утринава во 10:20 часот по локално време, а во експлозијата загинаа 10 а ранети се 15 лица, од кои две потешко.
Истрагата за експлозијата, која одекна во поширокото подрачје на Истанбул, продолжува.