Betül Yürük
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
ЖЕНЕВА (АА) - Висок официјален претставник на Обединетите нации (ОН), Мајкл Молер, во јануари во Женева објави нова рунда преговори за решавање на војната во Сирија, јавува Anadlu Agency (АА).
На прес-конференцијата во Канцеларијата на ОН во Женева, Молер, зборувајќи за 2015 година, истакна дека ќе се повторат преговорите за изнаоѓање на решение за војната во Сирија која започна во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој ќе биде присутен на преговорите, Молер рече дека нема да коментира повеќе за она што веќе е кажано.
За време на војната, што започна во март 2011 година, загинаа над 250.000 Сиријци, а повеќе од четири милиони беа принудени да ги напуштат своите домови и да избегаат во соседните земји. Првиот чекор за ставање крај на војната, која влегува во својата петта година, е направен на 30 јуни 2012 година, но, за жал, документот на Женева кој е резултат на овие преговори никогаш не беше спроведен.
По овие преговори минатата година имаше нови два круга мировни преговори кои не успеаа поради несогласувањата во врска со судбината на сирискиот претседател Башар Ал-Асад.