Mohamad Misto,Afra Aksoy
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
ХОМС (АА) - Во населбата Eз-Зехра, која е под контрола на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Aшад, во градот Хомс, дојде до неколку бомбашки напади во кои според првичните податоци загинаа 30 луѓе, а се повредени неколку десетици, јавува Anadolu Agency (АА).
Очевидци на настанот изјавија дека станува збор за три последователни експлозии.
Првата експлозија следела по еден истрел испукан во воздух. Вториот напад, всушност, е самоубиствен напад кога напаѓачот активирал експлозивна направа поставена на возило, откако околу неа се собрале повеќе граѓани.
Третиот бил резултат на експлозивна направа која била активирана во близина на вториот напад. По ваквите напади дојде до пожар а на околните згради беше предизвикана поголема штета.
Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.
Во истата населба пред околу две недели беше извршен напад во кој загинаа 25 лица. Одговорноста за нападот беше преземена од страна на терористичка организација ДАЕШ.