Hasan Esen
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Четири лица повредени во терористичките напади во Брисел, починаа во болница, со што билансот на загинатите во овие напади се зголеми на 35, јавува Anadolu Agency (AA).
Белгискaта министерка за здравство, Меги де Блок, на официјалниот профил на социјалната мрежа Твитер потврди дека четворица од повредените луѓе починале и покрај сите напори на лекарите да ги спасат.
Две експлозии на аеродромот Завентем во Брисел и една во метро станицата Maелбек, однесоа вкупно 35 човечки животи, не вклучувајќи ги и трите бомбаши-самоубијци, кои исто така починаа во овие експлозии.
Паралелно со ова, бриселската полиција соопшти дека три лица се наоѓаат во притвор, а четвртото лице е ослободено откако беа уапсени вчера, за време на полициската акција.
Одговорноста за нападите на 22-ри март во Брисел, во кои беа повредени над 270 луѓе, ја презеде терористичката организација ДАЕШ.