Ilgın Karlıdağ
22 март 2016•Ажурирај: 22 март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Две силни експлозии одекнаа утринава на бриселскиот аеродром "Zaventem" а според првичните информации најмалку едно лице е загинато а повеќемина се повредени, соопшти белгиската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Засега не е позната причината за експлозијата, а претходно белгискиот дневен весник "Le Soir" пренесе дека има повеќе жртви и дека инцидентот се случил во просторот за чекирање билети. Белгиската државна телевизија јавува дека аеродромот е евакуиран и дека владее целосна конфузија меѓу патниците.
Фотографиите и снимките на социјалните мрежи покажуваат чад од една од зградите на терминалот на аеродромот. Причините за експлозијата сè уште не се познати.
Експлозиите се случи два дена по опсежната антитерористичка рација во Брисел во која беше уапсен еден од осомничените за минатогодишните терористички напади во Париз.