Cemil Oksuz
22 март 2016•Ажурирај: 22 март 2016
БАМАКО (АА) - Во главниот град на Мали, Бамако, се изврши вооружен напад врз хотел каде што престојуваат војници на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од страна на сè уште неидентификувани лица во вечерните часови извршен е вооружен напад врз хотелот „Азалаи Норд Суд” кој се наоѓа во населбата АЦИ 2000 во главниот град на Мали, Бамако. Судирот, кој се случиl откако безбедносните сили одговориле на нападот, траеше околу 1 час.
Министерот за внатрешна безбедност, полковникот Салиф Траоре, кој по судирот даде изјава за националниот телевизиски канал, рече дека еден од напаѓачите е убиен а двајца осомничени биле приведени, додека по тројца други сè уште се трага.
Во околината на хотелот во кој се случи судирот превземени се големи безбедносни мерки.