Hatice Kesgin
21 ноември 2015•Ажурирај: 22 ноември 2015
БАМАКО (АА) – Мали прогласи десетдневна вонредна состојба и тридневна жалост доцна синоќа, по убиството на 19 заложници во хотел во главниот град Бамако, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ибрахим Б. Кеита ги објави мерките на националната телевизија како резултат на опсадата на хотелот Radisson во беа држени 170 заложници.
Според официјалните информации, меѓу жртвите има граѓани на Белгија, САД, Кина и Русија.
Кеита им се заблагодари на малиските и француските безбедносни сили за нивната улога во окончување на опсадата. Сили на САД, исто така, биле вклучени во помагање и ослободување на заложниците.
Двајца од напаѓачите се убиени.
Ал-Мурабитун, група поврзана со Ал-Каеда водена од алжирецот Моктар Белмоктар, тврди дека го извела нападот заедно со северноафриканската ќелија на Ал-Каеда.