Gülbahar Sayım
30 мај 2016•Ажурирај: 31 мај 2016
БАМАКО (АА) - Петмина војници ги загубија своите животи во напад во Мали, извршен врз конвојот на Мисијата за стабилизација при ОН (МИНУСМА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на МИНУСМА, се објавува за смртта на петмината војници од редот на сините баретки, кои се најдоа на местото на нападот, организиран врз конвој на Мисијата за стабилизација на ОН, стациониран во Тенеку-Севаре, централниот дел на земјата.
Претседателот на Мисијата за стабилизација, Мухамед Салих Аннадиф, во соопштението ја изразува својата осуда за извршените терористички дејствија, кои, како што вели, се причина за смртта на војниците и потенцира за потребата од забрзано делување во пронаоѓање на сторителите.
Во објавата не се наведуваат информации за националоста на загинатите војници, за кои подоцна во националниот печат беше објавено дека се од Того.
Во Мали, сè уште се забележуваат случаи на насилство, и покрај договорот за поддршка на мирот и запирање на вооружените напади од јуни 2015, кој беше потпишан меѓу вооружените групи од северниот дел на земјата и владата на Мали.
Нападите, организирани врз војниците од мировните мисии и безбедносните сили на Мали, во последно време зачестија во северниот дел на земјата. Во друг напад извршен во областа Гао, беа убиени петмина војници на Мали, а четворица беа тешко ранети. Притоа, не беше објавен идентитетот на напаѓачите.
Во земјата, од месец јануари досега, убиени се 23 војници од редот на сините баретки.