Ekipa
30 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
СИУДАД ВИКТОРИЈА (АА) - Мексиканските власти тврдат дека мексиканскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на грчкиот Олимпијакос, Алан Пулидо (25) е пронајден речиси 24 часа откако е пријавено неговото киднапирање, пренесува Anadolu Agency (AA).
Пулидо беше киднапиран во близина на неговиот роден град Сиудад Викторија во неделата наутро, по напуштањето на забава во друштво на девојки.
Мексиканската полиција веднаш започна истрага, а според очевидци, автомобилот на Пулидов го опколила група вооружени мажи кои го киднапирале.
Полициската единица од Тамаулипас соопшти дека фудбалерот е спасен и дека во моментов е под лекарски надзор, бидејќи констатирани му се полесни физички повреди.