спорт

Искусниот кошаркарски стручњак Блат соопшти дека боледува од мултиплекс склероза

„Го надминав првиот шок и болката од сознанието дека болеста ќе ми го промени животот. Решив во никој случај да не се предадам...“

Mutlu Demirtaştan  | 19.08.2019 - Обновена : 20.08.2019
Искусниот кошаркарски стручњак Блат соопшти дека боледува од мултиплекс склероза

ИСТАНБУЛ (АА) - Искусниот кошаркарски стручњак на клупата на грчкиот Олимпијакос, Дејвид Блат, соопшти дека боледува од неизлечивата болест мултиплекс склероза, пренесува Anadolu Agency (AA).

Клубот на својата официјална веб-страница објави дека на 60-годишниот тренер му биле дијагностицирани првите симптоми на болеста пред неколку месеци, и дека неодамна дијагнозата е потврдена.

„Го надминав првиот шок и болката од сознанието дека болеста ќе ми го промени животот. Решив во никој случај да не се предадам. За болеста нема лек, но не е ниту смртоносна. Ќе барам начини да научам како да живеам со тоа“, порача израелскиот стручњак со потекло од САД.

Блат во богатата тренерска кариера од клупата ги водеше НБА-тимот на Кливленд Кавалирс, турските тимови Анадолу Ефес и Дарушафака, а беше и селектор на репрезентациите на Израел и Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.