Erkan Tiryaki
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Истанбул започнуваат натпреварите од Фајнл фор турнирот на ТХЈ Евролигата во кошарка, јавува Anadolu Agency (AA).
На Фајнл фор турнирот на ТХЈ Евролигата во кошарка којашто се одржува во Истанбул учествуваат екипите на Фенербахче, Реал Мадрид, ЦСКА Москва и Олимпијакос.
Првиот натпревар денес ќе се одржи во 17.30 часот, а ќе се сретнат екипите на СЦКА Москва и Олимпијакос. Во вториот натпревар, закажан за 20.30 часот, ќе се сретнат екипите на Фенербахче и Реал Мадрид.
Победниците од првите денешни два дуела, в недела, во 20.00 часот ќе играат за титулата шампион на ТХЈ Евролигата во кошарка, додека поразените екипи ќе се натпреваруваат за третото место.
- Трет Фајнл фор турнир во Истанбул
Истанбул по третпат го организира Фајнл фор турнирот на Европската лига во кошарка
Претходно, Истанбул беше домаќин во 1992 и во 2012 година. Победник на Фајнл фор во 1992 година беше екипата на Партизан, додека во 2012 година победник беше Олимпијакос.