Fatih Erel
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Италијанецот Даниел Хачет го напушти тимот на ЦСКА Москва и така стана шестиот кошаркар кој го напушти тој клуб од почетокот на воената операција која Русија ја спроведува во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на ЦСКА Москва потврди дека нејзините редови во изминатите денови ги напуштија шест кошаркари, а последниот кој заминал е Хачет.
Пред Хачет, трофејниот клуб од главниот град на Русија го напуштија и Грузиецот Торнике Шенгелија, Данецот Ифе Лундберг, Литванецот Мариус Григонис, Германецот Јоханес Војгтман и Русинот Џоел Боломбој.
„Иако овој потег се спротивставува на условите на договорот, клубот ја разбира одлуката на спортистите. Статусот на договорот на играчите ќе биде решен кога политичкото и спортското опкружување во Европа ќе се вратат во нормала“, се наведува во соопштението на клубот.
Поради руските напади на Украина суспендирано е учеството на екипата на ЦСКА Москва во кошаркарската Евролига на „Туркиш ерлајнс“. Тој тим одигра 24 натпревари во Евролигата оваа сезона, забележувајќи 14 победи и 10 порази, а до суспензијата се наоѓаше на шестото место на табелата.