Doga Kirmizioglu
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во полуфиналето на Западната конференција на американската Национална кошаркарска лига НБА, екипата на Голден Стејт Вориорс го совлада Хјустон Рокетс и поведе со 3:2 во серијата од 4 победи. Во полуфиналето од Источната конференција, Милвоки Бакс без поголеми потешкотии го совлада Бостон Селтикс и се пласираше во финалето, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот на американската НБА лига. Во Западната конференција се одигра 5. натпревар меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс. Актуелниот шампион на НБА, тимот на Вориорс, со победата од 104:99 над Рокетс поведе со 3:2 во серијата од 4 победи.
Во редовите на Вориорс најпрецизни беа Клеј Томсон со 27 поени, 4 скока, една асистенција, Стефен Кари со 25 поени, 6 скока, 5 асистенции и Дрејнод Грин со дабл-дабл од 8 поени, 12 скока и 11 асистенции.
Во 3. четвртина од натпреварот се повреди ѕвездата на Вориорс, Кевин Дуран, кој дотогаш постигна 22 поени, 5 скока и 4 асистенции. Кевин се пожалил на десниот скочен зглоб, а сериозноста на повредата ќе биде позната по извршената контрола.
Во редовите на Рокетс, добар перформанс покажаа Џејмс Харден со 31 поен, 8 асистенции, 4 скока и 4 украдени топки, Ерик Гордон со 19 поени, 2 скока, една асистенција и Пи Џеј Такер со дабл-дабл учинок од 13 поени, 10 скока и една асистенција.
- Бакс без поголеми потешкотии во финалето -
Во 5. натпревар од полуфиналето на Источната конференција, екипата на Милвоки Бакс на домашен терен го пречека Бостон Селтикс. Домаќините без поголеми потешкотии извојуваа убедлива победа од 116:91 и со резутлат 4:1 во меѓусебните дуели, изборија пласман во конференциското финале. Ова е прво финале на Бакс од 2001 година.
Најдобар во редовите на Бакс беше ол-стар ѕвездата Јанис Адетокунбо со постигнати 20 поени, 8 скока, 8 асистенции, а одлична игра прикажаа и Крис Мидлтон со 19 поени, 8 скока, 5 асистенции, Ерик Бледсо со 18 поени, 6 скока, 2 асистенции, Џорџ Хил со 16 поени, 3 скока, една асистенција, Никола Миротиќ со дабл-дабл од 10 поени, 11 скока, 3 асистенции и Ерсан Илјасова со 10 поени, 6 скока, една украдена топка и една блокада.
Во редовите на Селтикс најпрецизни беа Кари Ирвинг со 15 поени, еден скок, една асистенција, Маркус Морис со дабл-дабл од 14 поени, 11 скока, 3 асистенции и Џејсон Тејтум со 14 поени, 6 скока и 2 асистенции.
Вечер на програмата се два натпревари. Се среќаваат:
Филаделфија Севентисиксерс - Торонто Репторс
Портланд Треил Блејзерс - Денвер Нагетс