Mutlu Demirtaştan
09 Мај 2019•Ажурирај: 10 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, синоќа англискиот претставник Тотенхем на гостински терен успеа во Амстердам да го победи Ајакс со 2:3 и се пласираше во финалето на ова натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам, главниот град на Холандија, се одигра реванш-средбата од полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони меѓу домаќинот Ајакс и англискиот претставник Тотенхем.
Домаќинот натпреварот го започна фуриозно и веќе во 5. минута имаше водство од 1:0, благодарение на погодокот на Матеијс де Лихт, а само половина час подоцна, во 35. минута од натпреварот, Ајакс имаше водство од 2:0 преку Хаким Зијеш, разултат со кој заврши првото полувреме.
По победата во Лондон од 0:1, и водството од 2:0 во првото полувреме од реванш-средбата, речиси секој, Ајакс го гледаше како следен противник на Ливерпул. Тотенхем, според дотогашниот сплет на околности, наликуваше на уште една „жртва“ на Ајакс, по Реал Мадрид и Јувентус, но во второто полувреме Тотенхем ја презеде играта во свои раце и прикажа ефикасен перформанс.
Бразилецот Лукас Моура со погодоците во 55., 59. и 90.+6. минута од натпреварот постигна хет-трик и на Тотенхем му донесе победа која клубот го понесе во финалето на УЕФА Лигата на шампиони.
Иако во првиот натпревар Тотенхем на домашен терен загуби со 0:1, благодарение на поголемиот број погодоци на гостински терен, со победата во Амстердам од 2:3 избори пласман во финалето во кое ќе игра против екипата на Ливерпул. За првпат екипата на Тотенхем ќе игра во финалето на Лигата на шампиони.
Финалето на УЕФА Лигата на шампиони е закажано за 1 јуни, а ќе се игра во Мадрид, главниот град на Шпанија.