Kemal Zorlak
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
ПАРИЗ (АА) - Продолжувањето на кариерата на шведскиот репрезентативец со ботекло од БиХ и актуелен фудбалер на Парис Сент Жермен (ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ, е тема која веќе подолг период ја окупира фудбалската јавност.
Последните недели многу клубови покажаа интерес за Ибрахимовиќ, чиј договор на „Паркот на Принцевите” истекува на крајот на оваа сезона. Но, последниот потег на Ибрахимовиќ покажува дека не е исклучена ниту можноста за негово враќање во „Ајакс”, клуб во кој тој заблеска.
Имено, на официјалната фејсбук страница на фудбалскиот клуб „Ајакс” објавено е видео со кратко обраќање на Златановиќ, на кое носи дрес на ПСЖ, а во рацете држи дрес на „Ајакс” со своето име.
„Поздрав до сите натпреварувачи на „Ајакс”. Никогаш не се знае, можеби ова ќе биде мојот дрес следната сезона”, порача Ибрахимовиќ.
Популарниот фудбалер истакна дека се надева дека „Ајакс” во иднина ќе освои голем број трофеи, независно дали тој повторно ќе заигра за тој клуб или не.
Златан Ибрахимовиќ во 2001 година од „Малме” помина во „Ајакс”, а во текот на трите сезони одигра 74 натпревари и постигна 35 голови. Ибрахимович потоа играше за Јувентус, Интер, Барселона, Милано, па помина во францускиот ПСЖ. Колку неговото доаѓање на „Паркот на Принцевите” беше добро за ПСЖ, говори фактот дека парижаните по паузата од скоро 20 години станаа прваци на Франција и тоа три години по ред.