Kemal Zorlak
25 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Шведскиот репрезентативец и член на францускиот шампион Париз Сен Жермен (ПСЖ), Златан Ибрахимовиќ се уште не е потпишал договор со Манчестер Јунајтед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако бројни европски медиуми во последните неколку дена пишуваа дека Ибрахимовиќ е многу блиску до потпишувње договор со "црвените ѓаволи", извор близок до Ибрахимовиќ за SkySports потврдија дека договор помеѓу популарниот Ибра и Јунајтед се уште нема.
Доаѓањето на Ибрахимовиќ на Олд Трафорд се очекуваме уште повеќе поради наводите на британските медиуми дека водството на Манчестер Јунајтед се очекува да го превзеде португалскиот фудбалски експерт Жозе Мурињо. Всушност, овие две фудбалски имиња се многу поврзани од периодот кога Ибрахимовиќ играше за Интер, а Мурињо беше тренер на истиот тим.
Според англиските медиуми, Манчестер Јунајтед му понудиле на Ибрахимовиќ договор 1 + 1, според кој неделно заработува 320.000 евра, што е дури и помалку од сегашната плата во ПСЖ. Сепак, се уште не е непознато, зошто договорот со швеѓанецот не е постигнат.
Договорот на Ибрахимовиќ со ПСЖ му истекува за еден месец.