Adis Karaca,Vesna Besiç
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
МИЛАНО (АА) - Реал Мадрид ја освои новата 11-та титула на Лигата на шампиони по победата против градскиот ривал Атлетико, синоќа во големото финале одиграно на стадионот Сан Сиро/Џузепе Меаца во Милано, јавува Anadolu Agency (AA).
Во петнаесеттата минута од натпреварот Словенецот ја прати топката на центарот. Од слична ситуација, но од друга страна, Крос центрираше, а топката во мрежата ја проследи Серхио Рамос. Голот е постигнат од многу сомнителна позиција при што дебатираа за тоа дали помошниот судија му помогна на Реал да го преземе водството.
Не многу сјајно првото полувреме го затвори Грицман со шут од 17 метри. Топката отиде покрај десната статива на голот на Наваси.
Атлетико продолжи со нападите и во 55 и 59-та минута создаде две добри можности. Прво Савиќ по гужвата во шеснаесетникот ја прати топката покрај стативата на голот на Реал, а потоа шутираше Нигез, но без успех.
Помеѓу 70-та и 80-та минута од натпреварот, публиката во Милано и покрај малите екрани го гледаше најубавиот период од натпреварот. Реал преку Бензема имаше голема шанса, но Облак интервенираше повторно.
Промашувањето на Реал во 78-та минута го казни Караско кој ја заби топката по уфрлувањето на Фран од десното крило.
Клатенбург го продолжи натпреварот три минути, кои не донесоа промена во резултатот па натпреварот се продолжи повторно.
Ниту по додатните 30 минути ниедна екипа не успеа да постигне гол и да го реши напреварот пред пеналот.
По изведувањето на единаесетникот, играчите на Реал беа поуспешни кои го погодија секој шут, а единствениот пенал го промаши Хуан Фран од Атлетико.
Финале на лига на шампиони:
Реал Мадрид - Атлетико Мадрид 1:1, пенали 5:3