Dejan Maksimoviç
22 Април 2016•Ажурирај: 23 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го повреди мускулот во најлош момент за Реал Мадрид пред кој се наоѓа завршницата на шпанската Премиера и полуфиналето на Лигаta на шампиони против Манчестер Сити, јавува Anadolu Agency (AA).
Медицинските прегледи кои ги направи Роналдо денес, покажаа дека фудбалерот го истегнал мускулот на десниот бут. До повредата дошло во средата за време на натпреварот против Вилареал. Од клубот не е прецизирано колку долго ќе паузира Роналдо.
Кралскиот клуб четири кругови пред крајот на Премиерата зазема трето место со бод со кој заостанува зад лидерот Барселона и второпласираниот Атлетико Мадрид. Во сабота Реал го очекува дуел на гости кај локалниот ривал Рајо Валекана. Потоа патува во Англија, каде во вторник ќе излезе на двобој со Манчестер Сити во пресрет на полуфиналето на Лигата на шампиони.
Роналдо во 44 овосезонски натпревари постигна дури 47 голови и јасно е дека неговото отсуство во финишот на сезоната ќе ги расипе плановите на тренерот Зинедин Зидан.