Dejan Maksimoviç
23 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Фудбалската репрезентација на Португалија „се провлече" во вториот круг на Европското првенство кое се игра во Франција, како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации. Она што е најинтересно е фактот што Португалија не освои ниту една победа. Тие одиграа три нерешени натпревари. Пред саботниот дуел од осминафиналето против Хрватска, најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо смета дека шансите за минување во следниот круг се подеднакви, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хрватска навистина има добар тим. Сметам дека шансите ни се 50:50 и оној кој во сабота ќе одигра подобро, ќе помине во следниот круг. Го видовме нивниот зенит против Шпанија и станува збор за тежок противник со одлични играчи. Не може секој тим да ја победи Шпанија, затоа исклучително ги почитувам. Ги знаеме нашите предности и ќе ги погледнеме Хрватите во очи кога ќе се сретнеме со нив", ја пренесуваат британските медиуми изјавата на Роналдо.
Репрезентацијата на Португалија до својот трет поен во групата Ф дојде во драматичен натпревар со репрезентацијата на Унгарија. Три пати Португалците губеа од Унгарија, но секој пат успеаваа да се вратат. Стрелци за Португалија беа Нани со еден погодок и Роналдо кој постигна два погодока и стана прв фудбалер во историјата на европските првенства кој постигнал погодок на четири турнири.
„Лично бев многу сеќен по натпреварот, бидејќи во натпреварот против Унгарија имавме големи проблеми. Три пати моравме да го бркаме резултатот и три пати успеавме да се вратиме во игра. Чест ми е што сум избран за играч на натпреварот, но основна цел ни беше да ги продолжиме натпреварите на првенството. Така гледам и на новиот рекорд кој го остварив. Сѐ е тоа убаво, влегов во историја, но повторувам дека приоритет е победа на Португалија", заклучи еден од најдобрите фудбалери на денешнината.
Натпреварот од осуминафналето меѓу Хрватска и Португалија ќе се одигра на 25. јуни на стадионот Феликс Болар Делелис во Ленс со почеток во 21 часот.