Stipe Mayiç
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Првата седница на новата хрватска Влада на чие чело е премиерот Тихомир Орешковиќ започна во Загреб, јавува Anadolu Agency (AA).
Министрите на почетокот на седницата поднесоа извештај за преземањето на министерствата на која накратко ја изнесоа затекнатата состојба, како и основните мерки кои ќе ги спроведат на почетокот на своето работење.
Владата ќе расправа и за пружањето хуманитарна помош на Сирија и соседните земји, а ќе се решава и за доделување пари од буџетот за потребите за згрижување на мигрантите.
Една од точките на седницата е и одлуката за преминувањето на границата на Република Хрватска за оружените сили на државите сојузнички, членките на НАТО, заради соработка во заеднички воени вежби.