свет

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранските напади врз Тел Авив

- Иран возврати со ракетни напади врз Тел Авив и други израелски градови, по обемните воздушни напади на Израел ширум Иран

Adis Karadza  | 14.06.2025 - Обновена : 14.06.2025
Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранските напади врз Тел Авив

САРАЕВО (АА) - Хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени откако иранска ракета ја погоди зградата во која живеат во Тел Авив, јавува Анадолу.

Хрватската амбасадорка во Израел, Весела Мрѓен Кораќ, потврди за хрватските медиуми дека зградата каде што живеат двајца хрватски дипломати е тешко оштетена.

„Конзулот и неговата сопруга претрпеле полесни повреди“, изјави амбасадорката за 24sata.hr.

Таа додаде дека евакуацијата од Израел не е можна поради затворениот воздушен сообраќај и честите напади.

​​​​​Во раните утрински часови во петокот, Израел изврши напад врз Иран, фокусирајќи се кон нуклеарни и ракетни постројки, во кои се загинаа повеќе од 104 лица, вклучувајќи високи воени команданти и научници, а ранети беа речиси 380 лица.

Иран возврати со напад со балистички ракети кои погодија повеќе локации низ Израел, во кои загинаа три лица, а ранети се повеќе од 90, објавија израелските медиуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.