свет

Во иранските возвратни напади врз Израел најмалку 3 мртви, 91 ранет

- Околу 400 Израелци се евакуирани откако им се оштетени домовите, објави израелскиот јавен радиодифузер КАН

Muhammed Yasin Güngör, Esra Tekin  | 14.06.2025 - Обновена : 15.06.2025
Во иранските возвратни напади врз Израел најмалку 3 мртви, 91 ранет

ИСТАНБУЛ (АА) - Три лица ти загубија животите во иранските возвратни напади врз Израел, а 91 лице е повредено, објавија израелските медиуми, објави Анадолу.

Жена која беше ранета во првиот бран ирански ракетни напади им подлегна на повредите, објави израелскиот јавен радиодифузер КАН.

Уште две лица ранети во нападот што следеше врз централниот дел на Израел се прогласени за мртви, се вели во веста објавена од истиот извор.

Во иранските возвратни напади врз Израел повредени се 91 лице, а тројца од 21 повреден во последните напади се наоѓаат во тешка состојба.

Околу 300 жители на поширокото подрачје на Тел Авив беа евакуирани поради оштетување на нивните домови, додека уште 100 беа евакуирани во општината Рамат Ган, во близина на Тел Авив, објави Канал 12.

Весникот „Хаарец“ информира дека иранските ракети целосно уништиле девет згради, а оштетувања претрпеле стотици станови и возила во Рамат Ган.

КАН објави дека пресретнувања во воздухот се забележани и над Техеран по новиот напад на Израел.

Во раните утрински часови во петокот, Израел изврши напади врз цели во Иран, таргетирајќи нуклеарни и ракетни објекти и убивајќи високи воени команданти и научници. Иран на овие напади возврати со напад со балистички ракети, таргетирајќи повеќе области низ Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın