Stipe Mayiç
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Владата на Тихомир Орешковиќ на денешната седница го прифати предлогот на Министерството за надворешни и европски работи за пружање хуманитарна помош на Сирија и на соседните земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Помошта на Хрватска за Сирија во износ од 1 милион евра ќе биде донирана во текот на периодот од 2016 до 2020 година.
Владата го задолжи Министерството за надворешни и европски работи во спроведувањето на оваа одлука, да спроведува проекти и други активности по пат на билатерални и мултилатерални канали, кои ги опфаќаат областите на воена и повоена демократска транзиција, образованието, здравството, заштитата на жените и децата како и одржливиот економски развој.
Износот ќе биде распределен на максимална годишна вредност од 200.000 евра, а средствата за спроведувањето на оваа одлука ќе се обезбедат од државниот буџет на Република Хрватска.