Dejan Maksimoviç
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ЛОНДОН (АА) - Се одржа ждрепката на паровите за овогодинешниот Вимблдон, а најдобро рангиран босански тенисер Дамир Џумхур во првиот круг ќе се сретне со американецот Денис Кудла, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ во почетокот на своето патување за одбрана на трофејот кој го освои минатата година, ќе игра против домашниот тенисер Џејмс Вард.
За разлика од Србинот, Федерер има далеку полесен распоред. Својот прв настап ќе му биде против Пелја, а како следни противници би можеле да бидат, Беранкис, Долгополов, Симон и Нишикори, тенисери кои не можат да се пофалат со одлични настапи на тревна подлога.
Вимблдон оваа година почнува на 27 јуни, а завршува на 10 јули.