Dejan Maksimoviç
27 Април 2016•Ажурирај: 29 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Фондот за награда за оваа година на Вимблдон, еден од четирите тениски гренд слем турнири, се зголеми на 28,1 милиони фунти (36,2 милиони евра), јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторите истакна дека оваа сума е двапати поголема од пред пет години. Победниците во машки и женски сингл ова лето ќе добијат два милиони фунти (2,6 милиони евра), што претставува зголемување од 6,4 проценти во споредба со минатата година. Поразените во првото коло на Вимблдон ќе освојат по 30.000 фунти (38.700 евра).
Паричната награда за победниците во двојки во двете натпреварувања ќе се зголеми за 3,1 отсто, и ќе изнесува 350.000 фунти (451.000 евра). Наградата за мешани двојки нема да се зголеми.
Фил Бук, претседателот на „Ол Ингланд” клубот верува дека вкупната парична награда на Вимблдон 2016 година ќе биде најголема во историјата на тенисот.
Оваа година Вимблдон е закажан од 27-ми јуни до 10-ти јули, а титулите за добитник во сингл ја брани Новак Ѓоковиќ кај машките и Серена Вилијамс кај жените.