Yunus Kaymaz
30 Април 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупната парична награда на третиот гренд-слем турнир во сезоната Вимблдон е зголемена за 11,8 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на организацискиот одбор се истакнува дека вкупната парична награда што ќе се доделува на овогодишниот турнир е зголемена за 11,8 отсто и ќе изнесува 38 милиони фунти.
Шампионите во машка и женска конкуренција на турнирот кој се игра на тревна подлога, ќе добијат парична награда од 2,35 милиони фунти.
Тенискиот турнир на Вимблдон оваа година ќе се игра од 1 до 14 јули.