Bakir Tiro
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
МАЈАМИ (АА) – Дамир Џухмур, најдобриот босанскохерцеговски тенисер, вечер го победи казахстанецот Михаил Кукушкин така што се пласираше во осмина-финале на АТП Мастерс турнирот во Мајами, каде играше во животна форма и каде предходно го исфрли од турнирот славниот шпанец Рафаел Надал.
“Тежок меч и психички и физички, тоа го знаев и бев спремен, Кукушкин игра потполно различен тенис од оној кој го игра Надал и неговата игра во првиот сет не ми дозволуваше да одиграм квалитетно, но во вториот успеав да ја понајдам играта, имаше многу долги поени, многу трчање, доста исцрпувачки поени, али морав да играм така за да добијам, изјави Џухмур, пренесува Anadolu Agency (AA), потоа додаде :
“Има многу чудна игра , но штом се навикнав на неговите ударци беше полесно да се игра. Бев повторно психички цврст и успеав по губитокот на првиот сет да добијам други два, што некогаш и ми фалеше. Сега и тоа е на свое место и многу ми е полесно да играм.”
Во осмина-финале на АТП Мастерс во Мајами Џумхур ќе игра против канаѓанецот Милош Раониќ.
“Следен е Раониќ, и тука не очекувам ништо посебно. Сакам да уживам во овој момент и турнир. Ова беше најважен турнир оваа година, а искрено не ни сонував дека ќе испадне овака на крајот. Со овие бодови ги обезбедив Роланд Гарос и Вимбелдон, и ќе ми биде многу полесно да играм во продолжетокот на сезоната”, истакна Џумхур.