Mutlu Demirtaştan
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Според гласањето што го изврши Светската тениска асоцијација (WTA) на својата интернет страница, турската тенисерка Чагла Бујукакчај е прогласена за играч со најголем напредок за месец април, јавува Anadolu Agency (AA).
Анкетата што ја спроведе WTA на својата интернет страница и во која учествуваа над 40.000 лица, со собрани вкупно 92 проценти, Чагла Бујукакчај е прогласена за тенисерка со најголем пробив за месец април.
Во анкетата на второ место е германската тенисерка Лаур Сигемунд со 5 проценти, додека на трето место со вкупно 3 проценти се наоѓа претставничката на САД, Ирина Фалкони.
Чагла Бујукакчај со победата на Истанбулскиот куп "TEB BNP Paribas" го постигна најголемиот успех во својата кариера.