Serhat Bağbars
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Шпанецот Рафаел Надал го совлада Канаѓанецот Милош Раонич со резултат 3-0, и се пласираше во полуфиналето на сингл машка конкуренција во првиот гран-слем тениски турнир во сезонава, Австралија опен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во четвртфиналниот меч во сингл машка конкуренција на Австралија опен, кој се оддржува во Мелбурн, се сретнаа деветиот носител на групата, Шпанецот Рафаел Надал и третиот носител на групата, Канаѓанецот Милош Раонич.
Надал, кој е шампион на 14 гран-слем турнири, меѓу кои и во еден Австралија опен, мечот го победи со резултат 3-0 (6-4, 7-6 и 6-4) и се пласираше во полуфиналето.
Шпанскиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со Бугаринот Григор Димитров, кој е рангиран на 15. место во светот.